Search

Кина во центарот на вниманието на Пентагон

Привремениот министер за одбрана на САД, Патрик Шенехен на првиот ден од извршувањето на новата функција изјави дека Кина ќе биде во центарот на вниманието на Пентагон.

Шенехен кој е именуван на оваа функција по заминувањето на Џејмс Матис, на средбата со соработниците во Министрството за одбрана порача: ,,Запомнете: Кина, Кина, Кина”, дури и кога американските трупи се ангажирани во други региони, како што се Авганистан или Сирија.

Според информациите што ги објавија медиумите, Шенехен рекол дека ќе се фокусира на стратегијата на неговиот претходник, кој порано наведе дека Кина и Русија се големи конкурентски сили.

Треба да знаете
Последни објави