Тунџев: Досега се легализирани 213.922 објекти, од нив 68.516 во Скопје

Сопруг на Светлана и татко на две прекрасни млади девојки Катерина и Бранкица, а во последно време и воспитувач на еден немирко од расата германски овчар. Борис Тунџев, првиот човек на Агенцијата за катастер и недвижности за 24 инфо вели дека семејството и дружењата со пријателите му се приоритет во слободното време. Се обидува колку што е тоа можно да заборави на проблемите од работа и да ужива во секој момент со нив. Вели дека е крајно време да се стави крај на легализацијата на дивоградби бидејќи законот е на сила цели седум години

 

Катастарот односно геодезијата се негова целодневна преокупација, зашто и да не решава катастарски проблеми, чита стручна литература од областа не геодезијата. Вели дека крајно време е да се стави крај на Законот за легализација на дивоградби бидејќи и општините губат пари за кумуналии на ваков начин. Тунџев не знае каков е ставот по ова прашање на Минстертсвото за транспорт и врски, но лично не верува дека ако остане нелегализирана некоја куќа дека ќе се сруши ако е изградена во тој рок кога бил законот на сила.

Согласно Законот за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, рокот за поднесување на барањата завршува на 31 декември 2018 година. Според нашата евиденција, во Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, досега се легализирани, односно запишани во катастарот на недвижности вкупно 213.922 објекти, или 68.516 во Скопје, 14.915 во Прилеп, во Битола 11.736 и така натаму. Тоа е состојбата која Катастарот може да ја евидентира и објави. Ние, од наша страна можеме само да информираме за актуелната состојба на запишани во катастарот на недвижности– вели Тунџев 

Објаснува дека се намалија редиците на чекање на шалтерите во неговата институција и посебно го радува фактот кога јавноста ја дели перцепцијата дека редици на шалтерите во Катастарот нема. Но, она што е можеби најважно за граѓаните, што може лесно и да е потврди, постапката на впишување на имот (купување и продажба), која се одвива во соработка со нотарите може да се случи и за неколку часа. Односно, додека се вратите дома, на интернет да видите дека веќе ви е запишан во „јавната книга“.

Катастарот е јавна книга во која се запишува сопственоста на недвижниот имот во државата. Трансакциите на имот (недвижности), Агенцијата за катастар на недвижности ги регистрира секојдневно, по барање на странка или по службена должност, согласно Законот за катастар на недвижности. Истовремено, во базата на податоци се ажурираат и алфанумеричките податоци (имотен лист) и графичките податоци (катастарски план).

Лесно проверлив факт е дека бројот на предметите, откако сум директор на АКН е значително намален. Само во скопскиот катастар наследив 4.700 нерешени предмети, а сега тие се многу малку, односно најчесто таа бројка се сведува на оние кои се работат во моментот- вели првиот геодет.

Објаснува дека просек на денови за решавање на катастарски предметне може да се направи, затоа што тоа зависи од предметот и потребните податоци кои треба да се обезбедат. Сепак, драстично е намален бројот на нерешени предмети. Така ако земеме некој просек, потребни се 3-7 денови, а не како порано со месеци. Тунџев вели дека создадени се правни и технички услови за запишување/одржување на сите типови инфраструктурни објекти. Но не негира дека и покрај законски утврдените рокови за доставување на пријави за евидентирање на инфраструктурните објекти одзивот на имателите на инфраструктурни објекти е многу мал. Откако е директор работел на многу проекти.

Покрај многуте проекти, како што се ЛИДАР снимањето на дел од државата, помогнато од Норвешката влада, или соработката со Генералниот директорат за картирање на Министерството за одбрана на Република Турција, Шведската и Холандската помош, ние посебно сме горди на беспрекорното функционирање на еКат шалтерот. Но, можеби најбитно е она што и самите на почетоткот го констатиравте. Намалени се редиците на максимум, времето на решавање на предметите исто така е намалено. Откако го постигнавме тоа, корисниците на нашите услуги да бидат задоволни, мислам дека можеме да се посветиме повеќе и на професионалната надргардба. Повторно во однос на подобрувањето на нашите услуги, ќе го споменам и укинувањето на двојното и повеќекратно плаќање. Имено, порано секогаш кога ќе ве одбиеја за поднесено барање, моравте и вториот пат да го платите истиот износ, како што сте платиле и првиот пат. Сега тоа повеќе не е така. И десет пати да бидете одбиени, што како цифра го наведувам само фигуративно, ќе платите само еднаш за конкретната услуга- вели првиот геодет.

За градежната мафија вели дека Агенцијата за катастар на недвижности нема ингеренции при донесувањето на урбанистичките планови и издавањето на одобренија за градење. АКН го спроведува запишувањето на новоизградените објекти според Законот за катастар на недвижности и според техничката документација која ѝ се доставува. Така што, мала е можноста да учествува во таков вид на законски недоследности.На прашањето има ли хоби и што го релаксира во слободно време вели дека негово хоби и преокупација во последно време е Арон.

Тој е 4 месечно кученце од расата германски овчар и е незапамтено немирен, така што често се „расправам“ со него. Му објаснувам дека многуте дупки што ги ископал во дворот не ни се потребни, или пак дека арониите се посадени за да дадат плод, а не за да ги изгриза тој. Потоа, често имаме аларм во раните утрински часови кога Арон ќе реши да суредува пред влезната врата, а потоа и објаснивања дека не треба така, кои тој секако не ги разбира и на крај сè се сведува на вртење во круг и голема забава, но и обврска.

За следната година година на приватен план очекува само убави работи, очекува успех и си посакува  да продолжи слогата и љубовта со која еопкружен. Во исто време сака Арон да стане помирен, за да не мора да се буди во 4 наутро. Сака и понатаму многу дружење и средби со драги луѓе.

На деловно поле, очекувам да се продолжи со проектите, да останеме доследни на добриот глас на кој сме во последната година, а кој резултира со немањето на гужви на шалтерите и решавање на предметите по најбрза постапка и да завршиме со толку непопуларните, а толку потребните реформи. И се разбира, редовните празнични желби на секој што е прашан за такво нешто, мир во светот, помалку непогоди и несреќи, а повеќе слога, љубов, разбирање, среќни и насмеани лица- вели Тунџев.

За него празниците и традицијата значат дружба со најблиските. Ја почитува традицијата за Бадник и Божиќ. Во местото од каде што потекнува, е од секогаш почитувана и негувана. Така, како поранешен Радовишанец, нему тоа му е всадено во генот. Лично, многу ги сака и почитува семејните празници. И поради верата, но многу повеќе поради адетите, поради моментите кога може да бидат сите заедно, да помине квалитетно време заедно со семејството.

Мене поминатото време со семејството ми е бесценето и го користиме секој момент да бидеме заедно- вели Тунџев.

Валентина Ангеловска

 

Треба да знаете
Последни објави