Search

Почина уште една повредена патничка во несреќата на автобусот во Лесковац

Битолчанката И.Ј., која беше тешко повредена во сообраќајната несреќа пред две недели во Лесковац починала вчера во Клиничкиот центар во Ниш. Таа беше приклучена на апарати за дишење поради фрактура на пршлен со заканувачка компресија на рбетниот мозок, која се покажала фатална за повредената битолчанка. Таа е петта жртва на стравичната несреќа во која автобусот на компанијата Еуро бус, кој сообраќал за Виена, во близина на Лесковац изгубил контрола и неколку пати се превртел.

Пред осум дена во нишкиот клинички центар почина и втората тешко повредена патничка, С.Т., а во нишката болница се лекуваа уште четири повредени македонски државјани, кои по стабилизирање на состојбата биле пуштени дома. Покрај пациентите кои завршиле во Ниш, во несреќата полесно беа повредени 32 патници.

Причините за сообраќајката уште не се познати.

Треба да знаете
Последни објави