Мехмедовиќ: Брзата помош има 50.000 повици годишно

Доктор кој најмногу умее со деца. Нема голема новогодишна желба, освен внатрешен мир и спокој. Сака на својата ќерка и на идните генерации да им остави добар здравствен систем во наследство. Ова е доктор Злате Мехмедовиќ, директор на Здравствен дом – Скопје. Во интервјуто за 24 инфо вели дека иако има само половина од кадарот што му е потребен на Домот, граѓаните ќе го добијат најдоброто за нивното здравје.   

Интервјуто го правевме во неговата канцеларија. Срдечен и насмеан, но сериозен кога зборува за проблемите во здравствениот систем коишто тој се обидува да ги решава низ организациски решенија но и развоен пристап. Тоа е доктор Мехмедовиќ под чија надлежност е и Итната медицинска помош. На прашањето со колкава екипа располага Брзата помош во државава и кои се новитетите, првиот човек на Здравствен дом Скопје вели дека во моментов се работи на анализа како да се овозможи ефикасна Брза помош, согласно потребите на граѓаните.

Го информиравме Министертството за здравство, како Здравствен дом, за потребите на службата за Брза помош. Оттаму, има најава, како што знае и јавноста, за Физибилити студија за јавно приватно партнерство. Чекаме да ја видиме. Во почетоот кога се објави идеја за јавно приватно партнерство ми се јавија многу ваши колеги за коментар. Не можам да го коментирам јавното приватно пртнерство, можам да коментирам физибилити студијата дали може да се аплицира кај нас. Итната помош е јавен сервис на граѓаните и така треба да остане – вели Мехмедовиќ.

Според него Брзата помош не е дел од здравствениот систем во којшто може да генерирате добивка. Првиот човек на Здравствен дом Скопје вели дека овде има загуба, но целта е да имате квалитетна услуга каде било во државата. Формата во којашто е организирана е другa работа. Го прашавме колку екипи ќе има за Нова година и како ќе се покрива територијата на Скопје за време на празниците?

За време на Нова година има поинаква ситуација и мора да се смени системот. Не е обичен ден. Имаме пациенти кои земаат редовна терапија и на кои мора да им се даде во форма на домашна посета. На терен ќе бидат 10 екипи. Имаме препораки до граѓаните да внимаваат на кој начин се внесува храна посебно после постот. Наша пепорака е да се внимава со консумација на алклохол и да се користи одговорно и умерено. Посебно ова се однесува за помлади лица и адолесценти на кои им велиме да не консумираат алкохол. За Нова година има голем број алкохолизирани лица и можноста за несакани случки е голема . Тие кои консумирале алкохол не треба да возат. Порачуваме на граѓаните исто така да не користат пиротехнички материјали и огнено оружје зашто последиците можат да бидат фатални. Ако се почитуваат сите препораки тоа ќе придонесе празниците да ги минеме во една весела и мирна атмосфера – вели Мехмедовиќ.

На наше прашање дали изминативе години имале многуработа за Нова година и останатите празници во јануари, докторот вели дека граѓаните добро се одзиваат на препораките. Вели дека во најдобрите времиња Итната медицинска помош имала 10 екипи на располагање, но објективно има потреба од 15.

Според пријавите, има значителен пад на алкохолизирани луѓе и сообраќајки во последните години. Одговорноста на граѓаните е на повисоко ниво и тоа ме радува. Се надевам дека и оваа година ќе биде се во ред. Десетте екипи ќе бидат на терен. За Нова година ќе има ноќна служба во 8 пункта. Вработените ќе им бидат на услуга на граѓаните. Нема негодувања од нивна страна и до сега не сум добил поплака од вработени дека од умор или нешто друго не можат да одговорат на работа. Има одговорност од нивна страна и тоа е за поздравување – вели Мехмедовиќ.

Но како и секаде така и во Здравствениот дом Скопје фалат сестри, лекари, технички пересонал. Првиот човек на Домот вели дека бројката на тие кои недостигаат, е огромна по систематизација. Во моментов, во Здравствен дом Скопје недостасуваат 670 вработени.

Ако имаме 1.100 врабтени тоа значи дека фали 40 отсто од кадарот. Или една третина. Лекари најмногу фалат, но до сега немавме вработувања од финансиски причини. Потребно е многу енергија да организирате работен процес без лекари. Годинава побравме од сопствени средства да се распише конкурс за вработување. Според него ќе бидат вработени повеќе профили кои се најдефицитарни за да се задоволат минималните потреби. На конкурсот се бараати пет лекари, но потребата е дополително 40, за да се задоволат потребите. Но ова е само прва фаза. Ќе има и втора и трета фаза за вработувања – вели Мехмедовиќ.

Во просек Итната медицинска помош има 50.000 повици на годишно ниво или дневно до 100 повици. Тоа значи по екипа 10 повици дневно, за 12 часовно работно време или еден пациент на час. Но во ова треба да се вкалкулира времето кога службата оди до пациент, интервенира и се враќа пак на терен. Мехмедовиќ вели дека кога имате итна покана стигнуваат за 15 минути, ако е приоритет двојка за 20 минути. Не се случило до сега да има чекање повеќе од половина час.

Она на што треба да се размислува е редефинирање на системот на Итна медицинска помош.Секаде во светот има парамедици во итна медицинска помош коишто се носители на услугата. Лекарите се многу важни и многу скапи за да ги користите на ваков начин. Системот на парамедици со добро уредени ургентни центри е иднината на Итната медицинска помош. Треба да се размислува и работи во таа насока – вели докторот.

Мехмедовиќ вели дека приватно е семеен човек и татко на Митја. Професионална новогодишна желба му е Новата година да отвори повеќе можности за унапредување на здравствениот систем. До сега се занимал главно со организација. Се надева дека следната година ќе има повеќе можност да се занимава со развојни идеи на здравствениот систем. Ќерката му е неизмерна радост и со неа го поминува цело слободно време кое го има. Вели дека се надева дека еден ден ќе успее не само нејзе туку и на сите деца да им остави еден здравствен систем од примарно здравство којшто нуди многу.

Го прашавме дали се сменило неговото мислење околу пацинетите и децата откако се родила ќерката и кој ја носи на боцкање кога треба?

-Кога ја добив Митја, ќерка ми, работев во ноќната служба во Шуто Оризари. Најголем дел од пацинетите ми беа деца. Јас бев лекарот од тројцата вработени таму кој имаше најголем број  прегледи на деца. Кога ќе се слушнеше дека јас сум на смена тогаш сите ги носеа децата кај мене и беше убаво признанието дека најмногу умеам со деца. Тие се најспецифични пациенти. Детето е посебен тип на организам. Кога се роди мојата ќерка, мојот однос кон децата не се промени. Продложив да бидам лекарот со најмногу пациенти деца и до ден денес многу мои пријатели ми се јавуваат за совет кога децата им се болни. За разлика од другите татковци, јас ја носев на боцкање и на вакцини. Јавно ја истакнав потребата за вакцинација и држејки го вакцналниот картон, уредно пополнет на мојата ќерка, ги повикав сите родители да го направат исто. Нас ни се заканува можноста повторно болестите коишто се искоренети да ни се вратат. Малите сипаници и црната кашлица ни се голем, проблем поради антивакциналните кампањи. Моето дете ќе ги прими сите задолжителни вакцини – вели Мехмедовиќ.

Засега нема план за Нова година, а приватна новогодишна желба му е да има внатрешен мир и спокој. Кога не е на директорската фотеља е обично дома. Секое слободно време патува работно но и приватно за да види што може да се поправи во здравство. Хоби му е вежбањето дома. Но откако станал директор веќе не го практикува. Но си ветил сам на себе дека од први јануари ќе им се врати на теговите и вежбањето и барем три пати неделно по еден час ќе си посвети себеси.

Валентина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави