Search

Одобрена набавка на мамографи во вредност од 85 милиони денари

Владата на денешната седница донесе одлука со која на Министерството за здравство му е одобрено да започне постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на мамографи, за потребите на јавните здравствени установи во Република Македонија.

Вкупната вредност е 85 милиони денари и таа треба да се реализира во фази во 2019, 2020 и 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави