Search

Заев и Филипче со претставници на Синдикатот на Клиничкиот центар разговараа за зголемување на платите

Претседателот на Владата, Зоран Заев, и министерот за здравство, Венко Филипче, имаа средба со претставници на Синдикатот на Клиничкиот центар, на која разговараа за можностите за покачување на платите на здравствените работници.

Како што информираат од Владата, на средбата било разговарано дека по првиот квартал, со ребалансот на буџетот може да се планира и дополнително зголемување на платите на здравствените работници во зависност од можностите, за што разговорите ќе продолжат.

Премиерот Заев и министерот Филипче објаснија дека буџетот е изгласан во Собранието, но дека постои разбирање за здравствениот персонал во согласност со ветувањата во програмата за кои се вложуваат сите напори да бидат реализирани до 2020 година.

Досега здравствените работници добија зголемување на платите од 5 отсто во септември 2018 година, зголемување на надоместот за дежурствата, а специјализантите првпат земаат надоместок и се платени за својата работа. Во јануари 2019 следува зголемување за дополнителни 10 отсто за докторите специјалисти, 5 отсто за општите лекари, 5 отсто за медицинските сестри, а во септември 2019 година за другите административни работници во здравството.

Треба да знаете
Последни објави