Search

Зграда во Сиднеј со 392 станови може да се сруши во секој момент, илјадници луѓе евакуирани

Околу 3.000 лица беа евакуирани откако жителите на новоизградениот блок во Сиднеј, Австралија, објавија дека слушнале „силен невообичаен звук” и „пукање на ѕидовите”.
Полицијата потврди дека открила пукнатини во кулата „Опал” лоцирана во Олимпискиот парк во Сиднеј, по извештајот за бучава на десеттиот кат.

Според полицијата евакуирани се и жителите на околните згради, а полицијата ја обезбедува областа.

Кулата има 33 ката, а експертите истакнаа дека зградата се преместила 2 милиметри, објави Би-би-си.

Компанијата „Меритон“, која ја одржува соседната зграда, ги информираше своите станари дека постои можност кулата (Опал) да се сруши.

Евакуираи се сите жители од сосдените згради, а исто така, во прекин е и патничкиот и железничкиот сообраќај во овој дел од градот, пожарникарите и спасувачите се на место, објави АП.

Кулата во која има 392 стана беше изградена во август.

Треба да знаете
Последни објави