Search

Забрана за тешки товарни возила на Ѓавато, Стража и патниот правец Маврово-Дебар

Од 22 часот и 30 минути поради врнежи од снег и засилен северн ветер од превентивни причини се воведе забранa за тешки товарни возила и на планинскиот премин Ѓавато.

Претходно поради врнежите од снег и засилениот северен ветер, од 20 часот и 15 минути забрана беше воведен и на патните правци крак-Маврово-Дебар и крак-Стража.

Од АМСМ додаваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од Авто мото-сојузот потсетуваат дека од 15 ноември стапи во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба, и дека оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утринските часови, постои можност и од појава на голомразица.

Треба да знаете
Последни објави