Search

Атила Реџепи нов генерален секретар на ДУИ, Груби го зазеде местото на Хазби Лика

Атила Реџепи е новиот генерален секретар на ДУИ одлучија Централното собрание и Советот на ДУИ вечерва на седница.

На седницата беше решено Артан Груби да го замени Хазби Лика на местото организационен секретар.

Лика, кој е министерот за спроведување на Рамковниот договор, за кого во изминатиов период се шпекулираше дека ќе биде сменет од функцијата бидејќи не доаѓа на работа, не се појави на седницата, иако е член на партиското раководство.

Со тоа само ги подгреа уште повеќе гласините дека не е во добри односи со партискиот врв.

Треба да знаете
Последни објави