Search

(Фото) Скопје се чисти од снегот во исчекување на пообилни врнежи

Сите јавни претпријатија во Скопје се активни вечерва во главниот град во чистење на снегот и одржување на чисти коловози во очекување на пообилни снежни врнежи во текот на ноќта.

Екипа на 24 Инфо е на терен, а на скопските улици е и директорот на ЈП „Улици и патишта“, Сенад Смаиловиќ, кој раководи со акциите за расчистување на снегот.

Според него, активиран е Кризен штаб раководен од ЈП „Улици и патишта“, подготвени се камионите со соли механизација, како и персонал кои треба да се справат со снегот.

Според меторолозите и проценките на штабот, пообилни врнежи се очекуваат межу полноќ и 3 часот.

Треба да знаете
Последни објави