Search

Вучиќ во ОН: Исплашен сум за иднината на народот во регионот

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вечерва на седницата на Советот за безбедност на Обединетите Нации изјави дека е многу загрижен, а и исплашен за иднината. Ситуацијата, како што оцени Вучиќ, е ужасно комплицирана.

„Исплашен сум за иднината на народот во целиот регион“, изјави Вучиќ.

Тој претходно заблагодари на брзото закажување на седница за ситуацијата во Косово и Метохија и ги повика Обединетите Нации да преземат поголема улога во процесот на дијалогот помеѓу Белград и Приштина.

„Немаме ништо против тоа дијалогот да биде под покровителство на ЕУ, но сакаме Обединетите Нации многу повеќе да се вклучат во овој процес“, изјави Вучиќ на седницата што ја побара Србија по формирањето на косовската војска.

Вучиќ додаде дека и покрај се Србија е подготвена да продолжи со процесот на дијалогот, но побара од Приштина претходно да ги укине тарифите.

Српскиот претседател реагираше на претходното излагање на генералниот потсекретар на ОН за мировни мисии, Жан Пјер Лакрое кој ги повика Белград и Приштина нешто да направат.

„Не се согласувам со таа вообичаена фраза. Белград го спроведе договореното“, рече Вучиќ и наброја што е спроведено од страна на Белград.

Тој наведе дека Приштина не ги исполнила обврските од договорот од Брисел, и додаде дека е прекршен и договорот ЦЕФТА.

Треба да знаете
Последни објави