Ердоган слушал како убиецот на Кашоги вели дека знае добро да сече
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и понатаму открива детали за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.
Тој рече дека од аудиоснимка од убиството што се случи во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул слушал како убиецот вели дека знае добро да сече.
Според Ердоган, човекот што се слуша на аудиото е висок член на армијата и вработен во мртовечница, кој отворено вели дека може да го исече телото, пренесува АП.
Турција заклучи дека 15 лица го убиле Кашоги на 2 октомври во саудискиот конзулат во Истанбул.
Турција достави аудиоснимка од моментот на неговото убиство во конзулатот до Саудиска Арабија, САД, Германија и некои други земји.
АП наведува дека Ердоган го критикува принцот Мохамед бин Салман бидејќи тој првично изјави дека Кашоги го напуштил конзулатот, а потоа сам себе се демантирал.
„Оваа земја не е глупава, таа знае како да ги задржи луѓето одговорни“, рече Ердоган.