Одбележани 109 години од раѓањето на Вапцаров
Денеска, во Општина Бутел се одржа манифестацијата ,,Чествување за Никола Јонков Вапцаров,, по повод 109 годишнината од неговото раѓање. Градоначалникот, г-дин Велимир Смилевски и бројни делегации од основните училишта, здруженија на граѓани и почитувачи на ликот и делото на Никола Јонков Вапцаров положија свежо цвеќе пред неговиот споменик.
Во поздравниот говор градоначалникот Смилевски истакна дека ликот и делото на Вапцаров треба да биде пример и поттик како за денешните така и за идните генерации. Говореше за неговата трагична смрт и борбата за слобода.
Се осврна и на неговото поетско творештво кое е со европски квалитет.Вон серискиот талент на Никола Јонков Вапцаров, додаде градоначалникот Смилевски, едноставно блика од секој негов стих востихозбирките: ,,Моторни песни,, и во посмртно издадената поетска збирка ,,Антологија,,