Направете вкусни колачиња со пиво и локум.
Состојки:
700 гр. брашно
1 шолја пиво
2 лажици шеќер
1 ½ шолји маслиново масло
2 лажици прашок за пециво
1 кутија локум
Подготовка:
Се сее брашното во вангла и се прави вдлабнатина.
Се става прашокот за пециво со шеќер и маслиновото масло со пиво.
Мешаме додека не добиеме густа каша од која месиме тесто.
Се развлекува тестото и се сечат коцки или кругови.
На средина се става локум и се виткаат.
Се ставаат сите на хартија за печење на плех и се печат 12 минути на 200 степени, чекаме да се оладат и горе ставаме шеќер во прав.