Search

„Вардар“ подобар од „Металург“ во македонското дерби на СЕХА лига

Македонскиот првак „Вардар“ го победи „Металург“ на гостински терен со 26:27 (13:11)  во македонското дерби на СЕХА-лигата, одиграно во СЦ „Борис Трајковски”.
Тимот од Автокоманда долг период беше рамноправен ривал, во второто полувреме имаше и плус четири предност (16:12), но на крајот пресуди искуството на Вардарци. „Металург“ имаше шанса за реми, но Александар Шпенде со звукот на сирената не успеа да реализира.
Кристопанс, Дисингер и Чупиќ со по пет погодоци беа најпрецизни во екипата на Вардар, кај Металург пак со шест гола се истакна Шпенде.
Вардар е лидер во СЕХА-лигата по десет кола, откако има осум победи и два пораза. Металург е на деветтото место.
Фото: Слободан Ѓуриќ
Треба да знаете
Последни објави