Столтенберг за Груевски: За случајот со Груевски треба да се договорат Скопје и Будимпешта

Случајот со поранешниот македонски премиер, Никола Груевски треба да биде решен помеѓу Скопје и Будимпешта, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Не е мое да коментирам. Прашањето треба да го решат Будимпешта и Скопје“, нагласи Столтенберг запрашан за ставот на алијансата околу бегството на поранешниот премиер и засолништето што му беше дадено од земја членка на НАТО.

Столтенберг во врска со членството на Македонија, нагласи дека НАТО е подготвен да го потпише пристапниот протокол со Македонија по имплементацијата на преспанскиот договор.

Треба да знаете
Последни објави