Обвинет за 27 април: Кога излегов од Собранието сфатив дека сме изманипулирани од УБК

Владимир Атанасовски лично преку Александар Василевски – Нинџа го остваруваше својот интерес и влијание врз патриотските здруженија. Го праќаше Нинџа да раководи со нив. чија беше и целта да се направат, да се има целосна контрола врз патриотската мисла во Македонија, рече обвинетиот Михаил Младеновски на денешното сведочење за „крвавиот четврток“.

На 27 април околу 19:30 часот кога излегов од Собранието сфатив дека сме изманипулирани, искористени за тогашните функционери на УБК кои ја контролираа акцијата. Во февруари Никола Бошкоски лично ми кажа дека ситуацијата ќе ескалира, народот ќе влезе во Собрание во оној момент кога мнозинството ќе се обиде да избере претседател на Собранието. На прашањето како народот ќе влезе во Собрание кога ќе се соочи веројатно со отпор од полиција, Бошкоски ми одговори дека ќе издејствува преку полициските станици да не се пружа отпор, а оние кои ќе пружат отпор да бидат повлечени према толпата“, сведочеше Младеновски потсетувајќи се на неговиот разговор со началникот во УБК, кој сега е во бегство.

Младеновски идентично како и неговиот брат, Стефан, сведочеше за организацијата на 27. април која била спроведена од страна на високи функционери од УБК меѓу кои екс-директорот Владимир Атанасовски и началникот Бошкоски.

Треба да знаете
Последни објави