Германија ќе издвои дополнителни половина милијарда евра за подобрување на воздухот во градовите

Германската влада ќе издвои дополнителни половина милијарда евра за подобрување на квалитетот на воздухот во градовите кои се загадени од автомобилските горива, соопшти германската канцеларка, Ангела Меркел.

Сегашниот фонд од милијарда евра ќе биде зголемен на 1,5 милијарди евра.

Меркел ги објави информациите по состанокот во Берлин со претставниците на градовите и населбите.

„Целта на овие разговори беше да се избегне воведување на дополнителни забрани за старите дизел возила во урбаните подрачја, каде е регистрирано големо загадување“, пренесе „ДПА“.

Дебатата за квалитетот на воздухот во германските градови се покрена по скандалот во 2015 година, кога компанијата „Волксваген“ призна дека во своите возила вградила нелегален софтвер што ја прикрива вистинската емисија на штетните гасови.

Треба да знаете
Последни објави