Рачен часовник од 8 и пол илјади евра запленет од багаж на белградскиот аеродром

Царинските службеници на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ заплениле непријавен женски часовник на брендот „Хублот“, вреден околу 8 и пол илјади евра.

Часовникот бил откриен во багаж на педесет и четиригодишен белграѓанец, кој пристигнал со лет од Љубљана.

Откако ја минал пасошката контрола, патникот се упатил кон зелениот контролен премин, давајќи им до знаење на царинските службеници дека нема што да пријави.

По проверка на неговиот куфер, пронајден бил нов женски часовник „Хуболт“ во оригинална кутија.

Патникот им кажал на царинските службеници дека часовникот бил купен за подарок и дека не знаел дека морал да го пријави и за него и да плати увозни давачки.

Треба да знаете
Последни објави