НАТО: Ние веќе доволно сме присутни на Црното Море

Откако украинскиот претседател, Петро Порошенко, ги повика земјите членки на НАТО да испратат воени бродови до Азовското Море поради зголемување на тензиите во односите со Русија, алијансата денеска одговори.

Од НАТО посочија дека тие веќе во голема мера се присутни во регионот на Црното Море.

Портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску, рече дека бродовите на алијансата рутински патролирале и вршеле вежби во Црното Море, нагласувајќи дека нивните бродови оваа година во Црното Море поминале 120 дена, во споредба со 80 дена во 2017 година.

Претходно австрискиот канцелар, Себастијан Курц,  изјави дека е неопходно да се најде мирно решение за решавање на проблемот, по инцидентот во теснецот Керч.  Според австриската агенција АПА, Курт ја повикал Русија да ги ослободи украинските морнари и да ги врати бродовите што ги заплени во Украина.

Со слична порака како онаа на австрискиот канцелар денеска излезе и германската канцеларка, Ангела Меркел.

Треба да знаете
Последни објави