Кривична пријава против тетовец за напад и киднапирање на поранешна девојка

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 21-годишен жител на тетовското село Порој, кој ја киднапирал и физички ја нападнал поранешната девојка.

„На 31.05.2018 година пријавениот заедно со 20 годишно женско лице од село Копанце, Јегуновце, со која претходно бил во љубовна врска, со возило, сопственоста на истиот, се упатиле од Тетово кон село Ѓермо, кадешто, по претходна вербална распарвија, истиот физички ја нападнал. Потоа, пријавениот се упатил кон Тетово, каде истата ја оставил“ соопшти МВР.

Треба да знаете
Последни објави