Во Лондон уапсен човек по сомневање за потикнување на тероризам

Британската полиција информираше дека уапсила еден човек во главниот град под сомневање за поттикнување тероризам. Службите за борба против тероризмот го уапсиле 18-годишното момче во јужен Лондон, пренесува „Брејтбарт“.

Полицијата исто така извршила рации на две адреси во јужниот и југоисточниот дел од Лондон во рамките на истрагата.

Официјалната закана за тероризмот во Лондон е оценета како голема, што покажува дека аналитичарите за разузнавање веруваат оти нападот е многу веројатен.

Претходно овој месец британската полиција уапси две лица, 57-годишен маж и 20-годишна жена, во северен Лондон, под сомневање за кршење на Законот за тероризам.

Треба да знаете
Последни објави