Најмалку 88 лица загинаа, а 196 сè уште се водат за исчезнати по пожарите во северна Калифорнија, соопштија американските власти.
Пожарот во Калифорнија избувна пред три недели, а во него беа уништени голем број куќи и други објекти.
Речиси 14.000 куќи и околу 62.000 хектари беа уништени во пожарот во градот Перадајс, каде што живеат 27.000 луѓе. Голем број граѓани, меѓу кои имаше и многу познати личности, како пејачи, режисери, актери беа евакуирани, а некои од нив останаа и без своите домови.