Уапсен напаѓач кој се обиде да земе 20 заложници во Италија, има и повредени

Најмалку четворица луѓе се повредени откако 28-годишен маж се обидел да земе 20 луѓе за заложници во италијанскиот град Фиуџи. Тој е уапсен, а повредени се еден офицер од карабинерите, двајца полицајци и една жена, пренесуваат италијанските медиуми.

Човекот, кој, според италијанските медиуми, не бил вооружен, упаднал во Центар за развој на кариера, го грабнал прво директорот и го однел во канцеларија заедно со уште 20 ученици. Потоа грабнал ученичка и им наредил на сите да не мрдаат.

Полицијата влегла внатре и го нападнала со бибер-спреј. Напаѓачот, според информациите, имал ментално нарушување на здравјето поради што бил однесен во психијатриска болница.

Треба да знаете
Последни објави