Нов скандал во Серија А: Сопственикот на Сампдорија уапсен поради финансиски криминал

Италијанскиот бизнисмен Масимо Фереро денеска беше уапсен од домашните власти и целиот негов имот беше замрзнат поради обвиненијата за финансиски криминал поврзани со неговиот фудбалски клуб Сампдорија.

Под лупата на обвинителството се најде трансферот на поранешниот фудбалер на Сампдорија, Педро Обијанг, кој во 2015 година беше продаден во Вест Хем.

Според обвинувањата кои се поткрепени со документи, 1,2 милиони евра од трансферот на Обијанг исчезнале од сметките на Сампдорија без никаков траг а обвинителството објави дека не успеало да пронајде грешки во финанскиското работење на Вест Хем.

Масимо Фереро е само еден од шестмината луѓе кои се наоѓаат под истрага поради парични проневери, перење на пари, затајување на средства, измама и користење на пари и други средства во илегални активности.

Обвинувањата велат дека Фереро бил дел од планирана измама која требало да ги сокрие средствата од трансферот на Обијанг и уште неколку други финанскиски операции, со цел парите да бидат пренасочени кон приватна сметка на италијанскиот бизнисмен, кој подоцна имал намера да ги употреби во снимање на филмски проект. Инаку, Масимо Фереро заработува најголем дел од парите преку италијанската филмска индустрија.

Треба да знаете
Последни објави