Не ви пишуваат бившите, Facebook Messenger пак има проблеми

Корисниците на Facebook сѐ почесто се жалаат на проблеми со чет сервисот Messenger што од засега непознати причини „враќа“ пораки и разговори стари и по неколку години.

Компанијата потврди дека има проблем со појавување на стари пораки без никаква причина, но не даде објаснување.

„Некои луѓе гледаат стари пораки. Свесни сме за овој проблем и активно работиме на тоа што побрзо да го решиме проблемот. Се извинуваме за непријатностите“, објави Verge како гласноговорник на Facebook.

Иако не се работи за сериозен технички проблем, некои луѓе може да се вознемират од враќањето на пораки од бившите партнери, а може и да им предизвикаат проблеми во новите врски.

Во секој случај, имате објаснување – Facebook е виновен.

Треба да знаете
Последни објави