„Лекари без граници“ предупредуваат на опасност од инфекции поради преполни болници со пациенти во Газа

Невладината организација „Лекари без граници” предупреди дека поради големиот број на повредени во протестите на границата на појасот Газа, болниците се преполнети и пациентите се изложени на ризик од инфекција.

Болниците во Газа не можат соодветно да ги третираат повредените, сметаат од невладината организација.

Во проестите досега загинаа повеќе од 170 Палестинци, а илјадници беа ранети во протестите.

Демонстрантите се приближуваат до граничната ограда и фрлаат камења и рачно изработени бомби врз израелските војници стационирани на другата страна од границата.

Треба да знаете
Последни објави