По инцидентот во Керч, украинското МНР со протестна нота до Москва

Украинското Министерство за надворешни работи упати протестна нота до Москва.

Како што објави прес-службата на Министерството, протестната нота била испратена поради незаконско дејство против украинските морнари и трите украински брода.

Станува збор за 24 членови на екипажот од три украински бродови што ги прекршиле правилата за поминување низ теснецот Керч.

Граничната служба на руската ФСБ во Крим пред неколку дена објави дека три украински воени брода илегално ја минале границата на руската држава и влегле во нејзини територијални води, притоа изведувајќи опасни маневри.

Инцидентот во Црното Море ги одразува зголемените тензии меѓу Москва и Киев во врска со Азовското Море, на чии води право полагаат двете страни.

Треба да знаете
Последни објави