Невладината организација „Лекари без граници” предупреди дека поради големиот број на повредени во протестите на границата на појасот Газа, болниците се преполнети и пациентите се изложени на ризик од инфекција.
Болниците во Газа не можат соодветно да ги третираат повредените, сметаат од невладината организација.
Во проестите досега загинаа повеќе од 170 Палестинци, а илјадници беа ранети во протестите.
Демонстрантите се приближуваат до граничната ограда и фрлаат камења и рачно изработени бомби врз израелските војници стационирани на другата страна од границата.