Запленета српска стока во Липљан

Во Липљан, на Косово и Метохија, беше запленета одредена количина прехранбена стока од Србија бидејќи на декларацијата не стоеше името „Косово Република”.

Ова беше објавено од страна на приштинска „Коха“, која објави фотографии од автомобилот во чијшто багаж беа овие производи.

Станува збор за производи на „Имлек“, кои беа земени од страна на инспекторот и припадниците на полицијата на општина Липљан.

Тие, наводно, ја заплениле стоката како продолжение на акцијата „отстранување на нелегални српски производи” од косовскиот пазар, кои не се обележани со „Република Косово”.

Се додава дека инспекторите и полицијата ги контролираат сите возила за транспорт на стоки, пред сè храна.

Имер Рустеми, директор на инспекцијата во општина Липљан, рече дека во продавниците немало прехранбени производи што не биле декларирани согласно одлуката на привремените приштински институции, објави приштинскиот весник.

Треба да знаете
Последни објави