Британската полиција информираше дека уапсила еден човек во главниот град под сомневање за поттикнување тероризам. Службите за борба против тероризмот го уапсиле 18-годишното момче во јужен Лондон, пренесува „Брејтбарт“.
Полицијата исто така извршила рации на две адреси во јужниот и југоисточниот дел од Лондон во рамките на истрагата.
Официјалната закана за тероризмот во Лондон е оценета како голема, што покажува дека аналитичарите за разузнавање веруваат оти нападот е многу веројатен.
Претходно овој месец британската полиција уапси две лица, 57-годишен маж и 20-годишна жена, во северен Лондон, под сомневање за кршење на Законот за тероризам.