Австриец осуден на 8 години затвор за џихадистичка регрутација

Австриски државјанин под чие влијание две двојки заминале во Сирија за да се приклучат на терористичката Исламска држава и со себе ги зеле и своите девет деца беше осуден на осум години затвор, пренесува „Локал“.

Триесет и осумгодишниот Австриец беше осуден за регрутација за ИД, а 24-годишен Бугарин добил казна седум годиниза поседување план за терористички напади. Обвинителите рекоа дека постариот осуден имал централна идеолошка улога во радикална религиозна група и убедил неколкумина да патуваат во Сирија за да ѝ приклучат на ИД. Тие по враќањето во Австрија и самите беа осудени.

Бугаринот првично сам отишол во Сирија и се вратил во 2015 година. Во рацијата во неговиот дом биле откриени УСБ-стик со инструкции за користење експлозиви и хемиско оружје и инструкции за активирање на експлозивните уреди со помош на мобилен телефон.

Околу 300 лица или заминале или биле пресретнати од обидот да ја напуштат Австрија за да се борат во Сирија или Ирак од 2011 година, според Министерството за внатрешни работи. Околу 50 луѓе загинаа таму додека околу 100 се вратија.

Треба да знаете
Последни објави