Search

СДСМ: Мицкоски требаше да го осуди, место да го брани криминалот на Груевски

На темната страна на историјата е криминалното владеење на режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истиот оној Груевски на кого советник му беше токму Христијан Мицкоски.

Нервозниот Мицкоски денеска повторно покажа дека нема што да понуди пред граѓаните, нема план, нема визија, ниту програма за добро на граѓаните, туку нуди единствено деструкција, поделби и изолација, соопшти СДСМ.

Според партијата, Мицкоски можеше да покаже дека е за иднината на државата наместо да ја блокира, бојкотира и наместо да го брани криминалот на Никола Груевски и неговите соработници, да го осуди и да повика на одговорност.

,,Мицкоски требаше да покаже „како се сака татковината“ со тоа што ќе ги поддржеше процесите за членство на Македонија во НАТО и ЕУ, со зачуван и зајакнат идентитет. Но Мицкоски одбра да ја блокира таковината и нејзиниот напредок, нејзината иднина.

Наместо да застане на страната на државните интереси, на страна на интересот на граѓаните Мицкоски е на страна на одбрана на неговиот ментор, Никола Груевски.Македонија чекори напред, економијата расте, повеќе пари има за граѓаните, растат платите, земјава е рамноправен партнер на демократскиот свет на чекор до полноправно членство на НАТО и ЕУ.
Христијан Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се во последна форма за одбрана на криминалот на Никола Груевски и неговите соработници.Тоа е огромна разлика”, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави