Крос застана зад Солари во спорот со Иско

 Една од ѕвездите на Реал Мадрид, Тони Крос го поддржа тренерот Сантијаго Солари во неговиот спор со уште еден голем играч на тимот – Иско.
Германецот истакна дека неговиот колега има неспорни квалитети, но одлуката да се игра или не, ја носи тренерот.
– Тренерот носи одлука за тоа што Иско е надвор од групата, и тој сигурно има свое оправдување. Сите знаеме што може Иско да направина теренот, но одлуката е на тренерот, рече Крос.
Иско беше надвор од тимот вчеравечер во победата на „белите” од 2-0 над Рома на „Олимпико”.
Треба да знаете
Последни објави