Search

Индонезискиот авион на „Лајон ер“ се урнал зошто не бил технички исправен

Индонезиските инспектори соопштија дека авионот на компанијата „Лајон ер”, кој се урна минатиот месец, при што загинаа 189 луѓе, не бил способен за летање, односно имал технички проблеми и дека требало да биде приземјен, пренесе Би-би-си.

Боинг 737 се урна во море, во близина на провинцијата Западна Јава, кратко време по поплетувањето во Џакарта на 29 октомври.

Прелиминарниот извештај покажа дека биле пријавени технички проблеми на претходните летови.

„737 Maкс“ е нова верзија на оригиналниот 737 на Боинг и стана најбрз продаден авион.

Во прелиминарниот извештај се дадени детали за тоа што е познато од страна на властите за кратко време кога авионот бил во воздух, но истражувачите изјавија дека тоа не ја дава дефинитивната причина за несреќата.

Треба да знаете
Последни објави