Search

Виктор Орбан му се пофали на Чак Норис: Јас сум уличен борец

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретна со американскиот актер Чак Норис во Унгарија, при што му се претстави како „уличен борец” и се пожали дека либералите го мразат повеќе отколку што го мразат претседателот на САД Доналд Трамп.

Во видеото, објавено на Фејсбук страницата на Орбан, се гледа како унгарскиот премиер зборува за неговото скромно детство во едно мало село, додека со Норис се возеше да ја набљудуваат обука за борба против тероризмот.

– Знаеш, јас во суштина сум уличен борец. Не потекнувам од елитата. Доаѓам од едно мало село, 40 километри од тука, му кажа Орбан на американскиот актер, кој допатува во Унгарија како дел од добротворна активност.

Треба да знаете
Последни објави