Search

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година, соопшти Светската здравствена организација по повод Светскиот ден на жртвите на сообраќајни несреќи кој се одбележува секоја трета недела во ноември.

Сообраќајните несреќи се водечка причина за смртност кај децата и младите на возраст од 5 до 14 години и втора причина за смртност кај младите на возраст од 15 до 29 години.

СЗО наведува дека сообраќајните несреќи не се несреќи кои се дефинираат како неочекуван и непредвидлив настан кој не може да се спречи, туку како настан кој има свои фактори на ризик и со самото тоа може да се превенираат.

Главни фактори за ризик се брзото возење, алкохолот, некористењето на кацига, појас и детски седишта и се поврзани со половина од смртните случаи во сообраќајките во Европа.

Треба да знаете
Последни објави