Повреден работник во фабрика во Велес На 16.11.2018 година во 10.50 часот во Полициска станица Велес од Болница Велес е пријавено дека кај нив било донесено лицето Г.А.(51) од Велес со тешки телесни повреди. Лицето со повреди се здобило при работа во фабрика во населба Речани, велешко.