Search

Нема одлагање на либерализацијата на пазарот со струја

Нема одлагање на либерализацијата на пазарот со електрична енергија. Сите компании кои се снабдувачи со електрична енергија до почетокот на слениот месец треба да аплицираат на јавниот тендер на кој ќе се избере универзален снабдувач со електрична енергија.Тендерот е веќе распишан од Владата во септември, согласно новиот Закон за енергетикаи истиот треба да се реализира до крајот на годинава.

Фирмата која ќе се избере мора да исполнува неколку критериуми меѓу кои има капитал од 20 милиони евра, искуство во дејноста и да е способна за испорака на сметки. Пресудно во изброт  ќе биде цената што ќе ја понудат за маржата за покривање на нивните трошоци. Владата изборот треба да го заврши до крајот на годинава, а универзалниот снабдувач треба да пчне со работа три месеци подоцна односно од 1 март. Во случај тендерот да пропадне, снабдувањето како и досега ќе го врши ЕВН Македонија. На јавниот повик можат да учествуваат 28 домашни лиценцирани фирми во соработка со други компании од земјава и од странство. Изборот на компанијата која ќе ги снабдува домаќинствата со струја ќе го врши комисија предводена од МАНУ. Со изборот на универзален снабдувач започнува и целосна либерализација на пазарот на електрична енергија.

Најголем дел од граѓаните не знаат што е слободен пазар на струја. Велат дека за почеток ќе ги послучаат експертите кои велат дека најдобро е да се почека бидејќи не очекуваат повисоки сметки. Од друга страна пак Владата вели дека ќе има пониска цена на слободниот пазар за малите фирми кои сега плаќаат индустриска цена за електричната енергија. Токму универзалниот снабдувач треба да ја гарантира цената за домаќинствата и за малите потрошувачи што ќе се одлучат да останат на регулираниот пазар. Наши извори велат дека засега нема голем интерес за учество на тендерот за избор на универзален снабдувач со електрична енергија.

Според законот ако не биде избран универзален снабдувач, граѓаните треба да бидат мирни и за цената на електричната енергија, бидејќи во првите пет години неа ќе ја гарантира АД ЕЛЕМ.

Според состојбите на пазарот засега струјата за домаќинствата кај во земјава е една од најниските во Европа и регионот, единствено Србија има нешто поевтина струја во овој сегмент.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави