Палел сува трева, па му ја запалил плевната на соседот

Жител на струшкото село Велешта му запалил плевна на сосед палејќи сува трева, информираше МВР.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.В.(63) од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување на општа опасност.

„На 16.10.2018 година во 15.10 часот во село Велешта, струшко, пријавениот со палење на сува трева предизвикал пожар, кој потоа се проширил и ја зафатил плевната, сопственост на С.Ш.(61) од село Велешта. Во пожарот била опожарена кровната конструкција, бали со сено, дел од земјоделска механизација и друго, со што била причинета материјална штета од 400.000 денари, велат од МВР“.

Треба да знаете
Последни објави