Search

Здравствени грешки кои најчесто ги правиме

 

Некои здравствени грешки ги прават речиси сите луѓе иако сметаат дека тоа е здраво. Сигурни сме дека ќе се зачудите во врска со некои факти кои досега сте мислеле дека се здрави за вас. Еве всушност за што се работи.

Секогаш пиете сокови кои не содржат калории

Доколку користите сокови кои немаат калории, немојте да мислите дека тоа е здраво за вас бидејќи истите се вештачко засладени, а според неколку истражувања кои биле направени во 2011 година, луѓето кои користат вакви сокови имаат зголемен ризик од дијабетес.

Вежбате интензивно и напорно

Вежбањето е здраво, но ако вежбате интензивно и напорно не му помагате на организмот, туку го правите сосема обратното. Претераното вежбање ќе го уништи имунитетот, ќе предизвика мускулни болки и проблеми со спиењето.

Не посветувате внимание на етикетите на продуктите

Само затоа што се работи за пилешко, не значи и дека се работи за здраво пилешко. Потребно е секогаш и на секоја храна да посветите внимание на составот. Со тоа ќе бидете сигурни колку здрава храна внесувате.

Мислите дека сте попаметни од вашиот лекар

Да, за жал достапноста на интернетот направи многу луѓе да мислат дека се попаметни од нивниот лекар во врска со здравјето. Ништо, т.е ниту една машина или било што неможе да го замени директниот преглед и мислењето на стручно лице.

Прескокнувате сон

Прескокнувањето на сонот е многу сериозен здравствен ризик. 7 часа сон се неопходни за добро здравје. Доколку ова не го практикувате имате огромен ризик за зголемен крвен притисок и пад на имунитетот.

Треба да знаете
Последни објави