Градоначалникот Смилевски и Темелковски на кошаркарски натпревар во Кисела Вода

Градоначалникот Смилевски и Темелковски на кошаркарски натпревар во Кисела Вода

Градоначалникот Филип Темелковски и Велимир Смилевски вчера го проследија дерби натпреварот помеѓу кадетската женска екипа ЖКК Бадел 1862 од Кисела Вода и досега непоразениот тим Ловќен – Будуќност од Црна Гора.

На овој натпревар кој се одигра во спортската сала „Независна Македонија”, а е во рамки на третиот турнир на регионалната женска кошаркарска лига WABA заврши со победа на тимот од Црна Гора Ловќен – Будуќност. ЖКК Бадел 1862 и Ловќен Будуќност завршија со резулатат 66-73.

Имено, ЖКК Бадел 1862 и Ловќен – Будуќност вчера играа за да си обезбедат подобро место на табелата, бидејќи уште пред одигрувањето на овој натпревар тие си обезбедија пaсман во ¼ финалето на овој турнир на регионалната женска кошаркарска лига WABA, за кошаркарки помлади од 17 години.

Во спортската сала „Независна Македонија” се одигра и натпреварот помеѓу екипите на Славија од Бугарија и Рагуза од Хрватска, на кој тимот Рагуза издвојува победа. За крај на спортскиот викенд, Баделки одиграа и втор натпревар на кој силите на теренот ги одмерија со екипата на Рагуза од Дубровник. На овој натпревар тимот од Кисела Вода ЖКК Бадел издвојува победа над тимот Рагуза од Дубровник со резултат 73-58.

Воедно, како дел од богатиот спортски викенд во саботата во спортската сала „Архиепископ Доситеј” европскиот шампион РК Вардар по четврти пат го организираше турнирот „Вардар еден живот ,една љубов” за деца родени до 2008 година.

Овој турнир со своето присуство го збогатија поранешните познати македонски ракометарки Индира Кастратовиќ, Драгана Ристова и Анџела Платон кои во 2002 година станаа клупски европски шампиони со екипата на Кометал. Присутни на вчерашниот турнир беа и селекторот на женската македонска репрезентација Симе Симевски, заедно со неговиот помошник тренер Александар Царчев. Исто така градоначалникот Филип Темелковски беше присутен и на овој турнир, на кој ги поздрави дечињата кои спортуваат, како и нивните тренери.

IMG_0908.jpg

– Ракометната академија Вардар традиционално го организира зимскиот турнир „Еден живот една љубов”, како и Вардар јуниор лигата, кои се најголеми проекти во Македонија наменети за децата. Желбата на Вардар е да овозможи услови за спортски развој и воведување на спортска култура во детското секојдневие и на тој начин да придонесеме за развој на македонскиот ракомет. Школите со кои соработуваме работат со деца кои се на возраст уште од 5 – 6 години. Ние преку нашите проекти овозможуваме децата да се вклучат во натпревари, изјави Индира Кастратовиќ.

Општина Кисела Вода со цел да им овозможи подобри услови за спортување, на неколку спортски клубови им отстапи термини во двете спортски сали, „Независна Македонија” и „Архиепископ Доситеј” во кои тие редовно ги одржуваат своите тренинзи, а покрај ова во нив ги играат и своите натпревари во првенствата. Локалната самоуправа и во иднина ќе продолжи да дава голема поддршка на спортските клубови кои се активни на нејзината територија.

Треба да знаете
Последни објави