Search

Убиена мајката на познат фудбалер на Звезда: Внукот ја заклал за 20.000 динари

Убиена мајката на познат фудбалер на Звезда: Внукот ја заклал за 20.000 динари

Ужасно злосторство ја потресе Србија, кога Мира Шарац (64) е брутално убиена во својата куќа во Рима во четвртокот наутро.

Според првичните информации, за ова злосторство е осомничен нејзиниот внук, кога полицијата го затекнала зад компјутер во блиската играчница и тој веднаш е приведен.

Срѓан во претпладневните часови се скарал со таткото и отишол кај бабата. Кога стигнал кај неа, таа му сварила кафе.

Додека го пиел кафето, Мира легнала да се одмори малку, а тој тогаш го извадил ножот, кој како што рекол, постојано го носел со себе. Несреќната жена шест пати ја избодел во вратот.

Инаку синот на Мира Шарац е познатиот српски фубалер Драган Шарац кој играл за Обилиќ додека Аркан беше живи и тогаш освоија една титула.

Нешто подоцна замина за Австрија, каде играше за нивните клубови, а по враќањето во Србија две сезони играше за Црвена Звезда, во периодот од 2003 до 2005 година.

Моментално е помошен тренер на Чукарички. За репрезентацијта на Југославија настапувал на шест натпревари.

Треба да знаете
Последни објави