Search

Владата го усвои буџетот за 2018

На денешната редовна седница Владата на Република Македонија го усвои дополнетиот предлог на Буџетот за 2018 година со прифатените амандани од комисиската расправа во Собранието на Република Македонија.

Министерот за финансии ги информираше членовите на Владата на Република Македонија дека во дополнетиот предлог Буџет за 2018 направени се зголемувања на финансиски средства за гасификација во висина од 120 милиони денари, блок дотации за градинки, основни и средни училишта, културни установи на регионално ниво со зголемување од 200 милиони денари, во Фондот за здравство од 100 милиони денари и во Инспекторатот за животна средина од 10 милиони денари.

Буџетот за 2018 година веднаш по усвојувањето е пуштен до Собранието на Република Македонија на усвојување.

Треба да знаете
Последни објави