Search

И албанските наставници бараат измени во учебниците по историја

Промени во содржината на учебниците во земјава бара Сојузот на албанските наставници во Македонија.

Наставниците тврдат дека треба да се формира комисија преку која ќе се создадат нови стратегии и програми, нови книги затоа што на овие од кои сега учат учениците рокот одамна им истекол.

Во изјавата за МТВ2  Нухи Дардишта, кој е претседател на Сојузот вели дека наставниците Албанци во Македонија бараат Министерството за образование за учебниците за основното и средното образование за промените да се консултираат со граѓанското општество, а не со истите луѓе од комисиите по министерствата кои не се менуваат.

„Апелирам од февруари, март да се формира комисија која добро ќе ги провери тие програмии да се дефинира новата стратегија“, вели Дардиштa.

Премиерот Зоран Заев во неколку наврати најави формирање комисии за промени во учебниците за македонските ученици. По потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија, такви комисии се најавуваат и во Софија и во Атина.

Треба да знаете
Последни објави