Search

Ѓоко Поповски не се појави на судење по препорака на доктор

Поранешниот помошник министер во министерството за внатрешни работи, Ѓоко Поповски денеска не се појави на судењето во Кривичниот суд по предметот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство каде што е обвинет за злоупотреба на службената должност и овластувања.

Одбраната го оправда неговото отсуство со медицинска документација според која од доктор му е препорачано да мирува.

Поповски е обвинет поради набавка на 300 возила за Министерството за внатрешни работи, со што го оштетил буџетот на државата за речиси половина милион евра.

Претходно, Апелација одлучи Поповски да не оди во притвор, а притоа ја одби и неговата жалба да му биде одземен пасошот, па тој мора еднаш неделно да се јавува во судот и не да смее да ја напушта земјата.

Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1 го одби приговорот на одбраната на обвинетиот Ѓоко Поповски во предметот „Триста“ и во целост го прифати обвинителниот акт на СЈО против него.

Треба да знаете
Последни објави