Search

Шести пораз за МЗТ Скопје во АБА лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром остануваат на една гостинска победа сезонава во АБА-лигата, откако синоќа загубија на гостувањето кај Петрол Олимпија со 94:85.

Домаќинот постојано беше во водство, но избраниците на тренерот Александар Тодоров во неколку наврати со брза и прецизна игра правеа резултатски пресврт што им донесе надеж дека може да дојдат до посакуваните бодови во Љубљана, но не успеаја целосно да го свртат резултатот во своја корист.

Доминик Мавра имаше одлично јадранско деби со 21 поен (пет тројки), Дамјан Стојановски постигна 14 поени додека Јуре Лалиќ и Никола Павличевиќ средбата ја завршија со 13 односно 12 поени.

Следен противник на МЗТ Скопје Аеродром е силниот црногорски тим Будуќност, кој ќе гостува во „Јане Сандански“. 

Треба да знаете
Последни објави