Search

20 ноември – Меѓународен ден на сеќавање на трансродовите лица жртви на насилство

Меѓународниот ден на сеќавање на трансродовите жртви на насилство и убиените транс-лица (познат како Transgender Day of Remembranceсе одбележува на 20 ноември секоја година. Уште од 1999 година, овој ден насекаде низ светот им е посветен на споменот од Рита Хестер и на сите оние трансродови луѓе кои не се овде со нас. Од нив ден учиме како да останеме силни и достоинствени во борбата со предизвиците кои се наоѓаат на патот кон еднаквоста.

Разните форми на злоупотреба, па дури и смрт поради оспорувањето на ствовите, на поимите и на стереотипите околу „машкиот” и „женскиот” идентите се сериозен проблем со кои тран-луѓето со генерации се соочуваат. Затоа, на 20 ноември одлучуваме да се осврнеме на постојаните пречки кои го прекинуваат нашето секојдневие и животи, но и на потребата од разбирање, поддршка и љубов од другите околу нас и на начините на кои вие можете да придонесете во градењето на едно посолидарно општество.

Потсетуваме дека, од 1 октомври 2019 г. до 30 септември 2020 г. забележани се 350 убиства на транс-луѓе во 74 земји. Во изминатите 12 години, пак, се случиле дури 3664 убиства од омраза на транс-луѓе во исто толку држави, а дел од нив биле исклучително сурови и брутални. Во Северна Македонија трансродовите лица трпат различни видови на насилство кое често поминува неказнето или непријавено поради страв. Всушност, насилството е неизбежна тема во дискусиите за животните искуства на нашата заедница. Од пријавените убиства ширум светот, сексуалните работници го сочинуваат мнозинството жртви. Од пријавените убиства на транс и родово различни луѓе чија професија била позната, ширум светот, 62 % биле сексуални работници.

Затоа, испраќаме повик за сите да ги засилите транс-гласовите, да се посветите на конкретни активности и да ги потенцирате ресурсите и перспективите и да работите за унапредување на транс-правата. Денес, луѓето и организациите ширум светот се мобилизираат за да му се спротивстават на транс-насилството со кое се соочуваме. Одбиваме да бидеме жртви!

Треба да знаете
Последни објави