Search

Тинејџерка ја продала невиноста на Арап за 2,5 милиони евра

Тинејџерка од Америка именувана само како Жизел на страницата “Cindrella Escorts” ја продала својата невоност за три милиони долари (2,5 милиони евра). Вели дека и се остварил сонот.

Најголемата понуда и ја дал бизнисмен од Абу Даби, надплатувајќи ги руски политичар и позната личност од Холивуд.

Оваа 19-годишна Американка вели дека парите кои ќе ги добие ќе ги искористи за плаќање на шклоарината и за патувања.

– Никогаш не сум можела да добијам толку пари. Ова е остварување на мојот сон. Мислам дека трендот на продавање на невиноста е облик на еманципирање на жените и ме шокира тоа кога слушам како забрануваат на жените тоа да го прават. Ако сакам мојот прв пат да биде со некој кој не е моја прва љубов, тоа е моја одлука – вели Жизел.

Тврди дека веќе е резервиран хотел во Германија и дека бизнисменот на Жизел ќе и прати обезбедување. 

Контроверзната “Cindrella Escorts” е најпозната агенција за ексорт. Мајка на Холанѓанка Лола која ја нудела својата невиност пред да и биде отстранет профилот ја обвинила агенцијата за илегална пракса. Тврди дека ги искористуваат младите девојки и дека нејзината ќерка има ментални проблеми и дека се почнала како шала.

Шефот на агенцијата 27-годишниот Германец Јан Закобиелски кој својот бизнис го води од Дортмунд обвиненијата ги смета за смешни.

Треба да знаете
Последни објави