Search

180 санкционирани возачи во Скопје, 37 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.01.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои 37 мерки за непочитување на брзината на движење, девет мерки за возење без возачка дозвола, 13 мерки за користење на мобилен телефон, осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, пет мерки за некористење на сигурносен појас…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Треба да знаете
Последни објави